Венгер спореди еден свој играч со неуморниот Канте и предизвика сеир во Англија

Дерби

18/03/2017

12:25

1.443

Големина на фонт

а а а

Арсен Венгер сигурно ќе се обиде да ги одведе својот тим до четвртото место на табелата до крајот на натпреварувачката сезона, а без разлика што тоа би значело 21-ви последователен топ 4 пласман на „топчиите“, иднината на францускиот стручњак во Северен Лондон е доведена во прашање повеќе од било кога.

Голем дел од фановите на Арсенал го кренаа гласот против Венгер како никогаш досега, особена по историскиот дебакл во осминафиналето во Лигата на шампионите каде неговиот тим беше декласиран со вкупни 10:2 од Баерн Минхен.

Венгер по крајот на вториот дуел се правдаше дека значајна улога во ваквиот резултат има и главниот судија, но сега е повторно топ тема во Англија откако спореди еден свој играч со Нголо Канте.

Англиските медиуми и фановите во Премиер лигата почнаа да му фаќаат сеир на искусниот стручњак, а причина за тоа е што го спореди Франсис Коклан со убедливо најдобриот играч за врска во лигата, човекот кој призна дека сам сакал да го купи во летниот преоден рок.

– Канте е вистински победник во крадење на топки. Тој има неверојатна техника правејќи го тоа, а уште поважно е што тоа го прави чисто и без фаул. Не би го споредил Канте со играчот кој го купивме изминатово лето. Џака повеќе е играч кој додава топки отколку деструктивец. Мислам дека Коклан е тој што треба да го споредуваме со Канте, играат доста слично, – изјавил Венгер кој со оваа изјава предизвика доста реакции на социјалните мрежи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг