Подготвени за замките на Путин: Британските војници пристигнале во Естонија да го бранат Балтикот од Русите

Точка

18/03/2017

12:14

2.151

Големина на фонт

а а а

Првиот контингент британски војници, во рамките на НАТО силите, пристигнал во Естонија, во широката акција која е спроведена за "Балтикот да се одбрани од Москва".


Околу 130 припадници на војската пристигнале во воздушната база Амари во близина на естонската престолнина Талин. Се наведува дека во таа база наскоро треба да пристигне и француски контингент војници. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера изјавил дека Алијансата е загрижена поради акциите на Русија, но дека "не треба да се драматизира" ситуацијата.



"Не загрижуваат акциите и можните намери на Русија, но во исто време важно е да не ја драматизираме ситуацијата", рекол Столтенберг.

Тој додал дека Алијансата не гледа опасност од конвенционален воен напад во регионот на Балтикот. Минатите месеци воените сили на НАТО биле распоредени во овој регион на границата со Русија. НАТО, како што вели, смета дека постои опасност од тероризам и сајбер напади, но ништо не укажува дека би можело да дојде до некој конвенционален воен напад на некоја НАТО или на Балтичките земји.




Москва е осомничена дека се обидува да ја дискредитира мисијата на НАТО, а посебно британските војници пратени во Естонија, по пат на "заводнички" и кафански тепачки, пренесува Times. Овие војници исто така се под закана на хакирање на нивните профили на социјалните мрежи со цел добивање на материјали за уцена.



Меѓутоа, според зборовите на потполковникот Марк Вилсон, неговите војници знаат како да избегнат проблеми. "Свесни сме за сите постоечки ризици", рекол Вислон. Британските воени сили, со поддршка на француската моторизирана пешадија, ќе бидат сместени во базата во естонскиот град Тапи, на оддалеченост од околу 160 километри од Русија.

Инженерот по машинство, 27-годишниот Гев Данлоп, еден од војниците кои отпатувале во Естонија, им рекол на новинарите дека неговата борбена група е опремена со 300 оклопни возила. Данлоп рекол дека не се грижи, дури и ако се оствари малку веројатното сценарио за предизвикување на судир.

"НАТО е голема сила. Доколку се најдеме во вистинска тенковска борба, нема многу да бидам загрижен. Мислам дека сме повеќе од подготвени", рекол Данлоп.


Спонозорирани линкови

Маркетинг