Анџелина Џоли ги шокирала Британците: За време на посетата на Архиепископот ги пуштила брадавиците на слобода

Точка

18/03/2017

11:29

6.593

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли и по разводот со Бред Бит ја продолжува својата хуманитарна работа. Во четвртокот таа се сретнала со Архиепископот од Кантербери, но на средбата се појавила без градник па така врз себе го навлекла гневот на многу корисници од социјалните мрежи.


Архиепископот Џастин Велби фотографиите од нивната средба ги споделил на Твитер, а многу набрзо корисниците на социјалните мрежи забележале дека "Џоли би можела да му ги ископа очите на него со нејзините изразени брадавици" ..


Секако, веднаш започнале шегите на нејзина сметка, но имало и сериозни критики во врска со нејзиниот гаф. Многу се запрашале како не и' e непријатно и срам, сепак станува збор за средба со свештено лице.




Анџелина Џоли со архиепископот разговарала околу кризата со мигрантите, Јужен Судан и спречување на сексуалното насилство за време на војни и конфликти.



Спонозорирани линкови

Маркетинг