Хаос и паника во Париз: Пукање на аеродромот Орли, се обидел да му го одземе пиштолот на војник па го убиле

Точка

18/03/2017

11:31

1.934

Големина на фонт

а а а

На аеродромот во Париз - Орли, утрово дошло до пукање на еден од терминалите..

На парискиот аеродром Орли денес беше убиен човек кој успеал да му го земе пиштолот на војник на еден од терминалите, соопштува министерството за внатрешни работи, а пренесува AFP.


Човекот потоа побегнал во една од продавниците по што безбедносните сили го убиле, изјавил потпаролот на полицијата за француската агенција додавајќи дека во инцидентот нема други повредени.










Според претходните наводи на медиумите, аеродромот бил евакуиран по пукањето во еден од терминалите. Полицијата започнала безбедносна операција, но не потврдила зошто била повикана на аеродромот. Британските медиуми пренесуваат тврдења на патниците на социјалните мрежи дека слушнале истрели и дека имаат земено заложници.

"Во тек е полициска акција", соопшти потпаролот на полицијата апелирајќи на граѓаните да ги следат инструкциите.



Спонозорирани линкови

Маркетинг