„Момците ме напуштаа бидејќи се плашеа дека ќе станам премногу дебела“

Точка

18/03/2017

13:33

8.207

Големина на фонт

а а а

Ешли Грејам се гордее со своите облини поради кои стекна светска слава и стана една од најбараните „плус сајз“ манекенки во светот.

Меѓутоа, тоа не ѝ донело среќа во љубовта, па така во едно интервју се пожалила дека момците ја раскинувале врската со неа поради дебелината.


„Јас можам да ги разберам покрупните жени низ што поминуваат. Јас поминував низ пекол кога момците ме напуштаа затоа што се плашеа дека во иднина ќе бидам уште подебела“, раскажала Ешли.


„Тоа е истиот магичен круг, без оглед на која генерација припаѓате. Секое дете ќе помине низ истата работа.“

Иако е успешен „плус сајз“ модел, Ешли вели дека постојат денови кога ни таа не е задоволна од својот изглед.


„Некогаш се будам и се прашувам дали јас сум најдебелата жена во светот. Но, се работи за тоа како се прифаќате себеси. Се погледнувам во огледало и се мотивирам со позитивни мисли. Си велам себеси: „Ти си храбра, паметна и преубава’“, раскажала Ешли која им е инспирација на многу жени.


Спонозорирани линкови

Маркетинг