Американски конгресмен ја шокираше светската јавност: Нуклеарната војна против Русија е реалност

Точка

18/03/2017

12:33

3.152

Големина на фонт

а а а

Членот на Представничкиот дом на Конгесот на САД од сојузната држава Масачусетс, Сет Мултон изјави дека нуклеарната војна помеѓу САД и Русија е реалност и порача дека Белата куќа треба да подготви план како однапред да одговори на тоа.

Според мислењето на конгресменот, употребата на атомско оружје може да стане неопходна во секој момент.


„Ако Русија употреби атомско оружје против нашите сојузници во Европа, ние ќе го употребиме истото оружје како одговор на руската агресија“, изјави американскиот конгресмен Сет Мултон.


Тој истакна дека Соединетите Американски Држави немаат прецизен план за дејство во случај на „нуклеарен конфликт“ помеѓу САД и Русија.

„Што ако цел на нападите бидат американските војници? На пример, американските војници кои што се стационирани во Полска. Што ќе сториме и за колку кратко време ситуацијата може да излезе од контрола? Тоа е сосема реална опасност и администрацијата на Трамп мора да се однесува кон тоа сериозно“, порача Мултон.

Мултон, исто така нагласи дека системот за стратешко задржување, заснован на концептот „взаемно гарантирано уништување“ тешко дека може да ги спречи евентуалните судири во иднина.



Спонозорирани линкови

Маркетинг