Унгарија мора да им исплати отштета на мигрантите, Орбан одлуката ја нарече „апсурдна“

Макфакс

17/03/2017

19:17

1.534

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прогласи за „апсурдна“ одлуката на Европскиот суд за човекови права со која од унгарската влада се бара да исплати отштета на барателите на азил од Бангладеш, кон кои лошо се постапувало.

„Целата работа е апсурдна и несфатлива“, рече Орбан на државното радио.

„Државата се казнува бидејќи ги спроведува законите“, додаде Орбан.

Судот во Стразбур во вторникот пресуди дека Унгарија ќе мора на двајца државјани на Бангладеш да им исплати 10 илјади евра бидејќи во 2015 година биле притворени три недели, па вратени во Србија.

Орбан смета дека ваквата одлука им помага на „криумчарите, бирократите во Брисел и организациите кои се финансирани од странство“, алудирајќи на унгарскиот огранок на Хелсиншкиот комитет кој правно ги застапуваше овие лица во Стразбур.


Спонзорирани линкови

Маркетинг