Хан: Заеднички пазар за смалување на тензиите на Западен Балкан

Макфакс

17/03/2017

19:06

816

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави дека воспоставувањето на заеднички пазар на Западен Балкан „е вистинско средство“ за надминување на тензиите во регионот.

Хан, во интервјуто за Deutche Welle, рече дека Берлинскиот процес на соработка на западнобалканската „шесторка“ е копирање на основачката идеја на Европската унија(ЕУ) дека со интензивирање на соработката ќе се смират тензиите, при тоа додавајќи дека во Европа единствено на Балканот „мирот не е стопроцентно воспоставен“.

„Самиот факт дека се градат автопати, ги поврзува земјите. Исто како и железничките линии. Тоа води кон зголемена меѓузависност. Кога би се воспоставил заеднички пазар, со тоа би можеле да се следат таквите цели – да се придонесе кон смирување и да се подготват за европските интеграции“, рече Хан.

Тој смета дека заедничкиот пазар нема да ги намали шансите за побрз прием на некои држави во ЕУ, како што некои мислат во Црна Гора.

Според него, неопходно е на Западен Балкан да се подобри животниот стандард на луѓето, но и да се унапреди правната сигурност за да се поправат економските услови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг