Четирите големи тајни на восхитувачката убавина на Русинките

Точка

17/03/2017

19:24

6437

Големина на фонт

а а а

Кога ќе кажеме Русинка, прва асоцијација ви е убава жена – жена со крупни очи, светла коса... Марија Шарапова, Ирина Шајк, Ана Курникова...

Колку се убави Русинките е надалеку познат факт, а многумина се согласуваат дека тие се едни од најубавите жени во светот. За својата восхитувачка убавина, но и за шармот, Русинките можат да ѝ се заблагодарат на генетиката, но не само нејзе. За неа е заслужен и одреден начин на живот и некои мали трикови кои мора да ги „украдете“ од нив.

Ова се најголемите четири тајни кои ја чуваат убавината на Русинките:

Пешачењето им е омилена рекреација

Освен на одличните гени, Русинките за својата убавина му се заблагодаруваат и на одреден начин на живот. Имено, од сите физички активности, тие најмногу сакаат – пешачење. За своите витки тела можат да му се заблагодарат на пешачењето, дури и по најострите руски зими.


После пешачењето, втора омилена рекреација им е пливањето, потоа возењето велосипед и вежбањето во теретана.

Зеленчук и билки во чинијата и во бањата

Исхраната на Русинките е богата со коренест зеленчук, а на нивните менија секојдневно има топла супа од зеленчук, традиционалното јадење во руската кујна.


Меѓу најчестите билки и растенија во нивните бањи може да се најдат хмељ, коприви, детелина и слични растенија кои се користат за одржување на свежината и здравјето на кожата, но и за нега не темето на кожата на главата и за блескава и здрава коса полна со волумен.

Тапкање по лицето за долговечна младост

Кога станува збор за шминкањето, Русинките се служат со некои невообичаени методи за нивните лица да изгледаат што посвежо, поздраво и помладо. Еден од триковите кој го користат е нежното тапкање по лицето кога нанесуваат шминка, кое ја поттикнува силата на кожата и помага таа да изгледа младолико.


Русинките се познати и по своите крупни, светли очи, кои сакаат уште повеќе да ги нагласат со голем слој на маскара и сенка.

Шминка за убавина и заштита

Русинките се надалеку познати и по својот нежен, светол и беспрекорен тен за кој, меѓу другото, можат да му се заблагодарат и на студениот руски воздух кој ги затвора порите и ја подобрува мазноста на кожата. За истакнување на тенот користат храбри бои на кармини, од кои омилени им се црвена и кафеава, а на карминот често нанесуваат и сјај за максимален впечаток. Сјајот им служи и како заштита на усните од сувата и студена клима.



Спонозорирани линкови

Маркетинг