СДСМ: Токму ВМРО-ДПМНЕ ги уништи професионалните медиуми и независното судство

Макфакс

17/03/2017

18:13

884

Големина на фонт

а а а

Илија Димовски не може да зборува за медиумите и за судството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години посветено работеше на уништување на професионалните медиуми и против независна судска власт, велат од СДСМ.

„Наместо да зборува за прашања за кои со своите политики им наштетија на граѓаните, Илија Димовски треба да прифати дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, да ја исполни својата должност, како пратеник да биде присутен во Собранието, и да не се обидува по налог на Груевски да ги попречува демократските процеси“, се вели во соопштението од СДСМ.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски претходно ја обвини СДСМ дека врши притисок врз медиумите и врз судството.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.