Конте без влакна на јазикот испрати жестоката провокација до Мурињо

Дерби

17/03/2017

21:30

3769

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо и Антонио Конте за малку не влегоа во директен клинч за време на натпреварот во ФА купот кој се одигра пред четири дена, а нервозната крај аут линијата кулминираше со тоа што двајцата менаџери не си подадоа рака по крајот на мечот и со тоа го заборавија протоколот кој всушност е фер-плеј кодекс во фудбалот.

Конте доста неврозно се втурна кон Мурињо и само добрата реакција на четвртиот судија спречи нивна директна пресметка, а очигледно италијанскиот стручњак се уште е вознемирен од случувањата на теренот на „Стемфорд Бриџ“.

Италијанецот веднаш по крајот на средбата ги обвини играчите на Јунајтед дека постојано го удирале Азар, а сега испрати нова провокација до Мурињо и Јунајтед со тоа што порача дека сака да се соочува со противници кои играат фудбал.

– Одговорив на теренот така како што одговорив, сфаќам дека постојат такви ситуации во фудбалот, но едноставно беше невозможно да се игра во тие услови. Јас не ги сакам таквите ситуации, јас сакам да се соочам со противници на кои приоритет им е да играат фудбал, – без влакна на јазикот посочил Конте, додавајќи дека судијата донел правилна одлука со тоа што го заштитил Азар од честите стартови на противниците.

– Судијата ги донесе правилните одлуки. Сите играчи треба да се почитуваат меѓусебно, но пред се треба да го респектираат фудбалот, бидејќи ние го правиме тоа, играме фудбал, – додал Италијанецот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг