Чендлер се степал со премиерот на Канда! Славниот актер открива се' за инцидентот со Џастин Трудо

Точка

17/03/2017

16:55

4.819

Големина на фонт

а а а

Гостувајќи во емисијата на Џими Кимел, актерот Метју Пери откри дека во една прилика физички го нападнал сегашниот премиер на Канада, Џастин Трудо.


Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг од легендарната серија "Friends", изјави дека конфликтот со Џастин се случил кога тој имал само 12 години, многу пред да стане премиер на Канада. Џастин бил само неколку години помлад од Пери, а оделе во истото училиште.


"Тој беше одличен во спортот во кој ние не бевме многу добри. Тоа беше чиста љубомора. Немојте да мислите дека се фалам со ова. Беше ужасно. Бев глупаво дете", објаснува актерот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг