Константин (9) исчезнал пред училиште и две години не можеле да го пронајдат, а им бил пред носот

Точка

17/03/2017

18:36

14.015

Големина на фонт

а а а

За него била организирана голема потрага. Бидејќи станувало збор за мала средина и заедница во која сите меѓусебно се познаваат, волонтерите кои ја покренале потрагата се надевале на брзо наоѓање на детето и среќен крај.


Цела Русија ја потресла веста дека пред училиште во цистерна со вода било пронајдено телото на Константин Чернов (9). Момчето исчезнало на почетокот од декември 2015 година, а се` до оваа среда, за него ништо не се знаело. Била организирана голема потрага, но на момчето му се изгубила секоја трага.

По повод Денот на мајката, кој во Русија се одбележува во последната недела од ноември, учениците од основното училиште во Тагар на југоисточниот дел од Русија имале задача да прочитаат песна посветена на мајката. Константин Чернов (9) ја прашал учителката дали може да ја прескокне таа задача, а учителката која била запознаена со неговиот случај, му го дозволила тоа.


Меѓутоа, момчето не можело да се избори со чувствата и се расплакало и истрчало од училницата. Имено, на деветгодишното момче непосредно пред тоа му починала мајката, а неговиот татко го напуштил, па го чувале неговите баба и дедо.

Откако излегол од училницата, учениците го одвеле Константин на воздух, но се вратиле без него. Учителката не го забележала тоа, а Костја последен пат бил виден пред училиштето на 5 декември 2015 година.

По него била организирана голема потрага. Бидејќи станувало збор за мала средина и заедница во која сите меѓусебно се познаваат, волонтерите кои ја покренале потрагата се надевале на брзо наоѓање на детето и среќен крај. Меѓутоа, не успеале во тоа.

Потрагата била проширена, се вклучиле стотици луѓе кои ги пребарале и соседните области.

Полицијата ги пребарала сите напуштени куќи, го испитала секој жител во селото, учениците, учителите, но без резултат. Кучињата трагачи ја поминале целата област, но ништо не пронашле. Костја исчезнал без трага.

Се` до средата тоа било најмногу што истражителите можеле да кажат за случајот. Но, тогаш пронашле тело во цистерната со вода која се наоѓала пред училиштето. Телото не можело да се идентификува, па дедото го препознал внукот по ранецот кој го носел, пренесува порталот 24sata.hr.


Останува мистерија како е можно во толку голема акција да се случи ваков пропуст. Телото се наоѓало на неколку метри пред училишната врата. Оксана Василишина која ја предводела групата на волонтери, ја преживеала трагедијата многу лично.

„Додека Костја беше на листата на исчезнати, волонтерите се надеваа дека е жив каде и да е. Макар и на другиот крај на светот, но жив“, рекла таа.

Сите кои учествувале во потрагата биле шокирани од крајниот исход. Не ги погодило само мртвото тело, туку и фактот дека цело време им бил пред носот. Главното прашање е како момчето завршило внатре.

Според зборовите на истражувачите, најверојатно станува збор за несреќен случај. Цистерната била во училишниот двор, па тешко е да се поверува дека некој го нападнал таму. Најверојатно паднал внатре и повеќе не можел да излезе, заклучиле истражувачите.



Случајот ќе продолжи за да се утврдат точните детали на смртта, но сигурно кај многумина се појавил сомнеж во тоа дека телото на детето цело време било во цистерната во училишниот двор. Особено затоа што била прегледана уште првиот ден од потрагата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг