Reuters: Баскиската сепаратистичка група ЕТА ќе објави разоружување

Макфакс

17/03/2017

16:34

723

Големина на фонт

а а а

Баскиската сепаратистичка група ЕТА ќе објави план за разоружување, како и начин за целосно предавање на оружјето кое се предвидува да се случи на 8 април, пренесе во петокот Reuters.

По повод овој настан, се очекува локалниот лидер Индиго Уркулу да даде свој коментар.

“ЕТА ни ја предаде одговорноста за разоружувањето кое ќе се случи до вечерта 8 април, кога целосно ќе го предаде своето оружје”, изјави Цец Ечевери активистот на локалната група “Бизи”, која се обидува на мирен начин да постигне независност на Баскија од Шпанија.

Во 2011 година ЕТА прогласи еднострано примирје и најави дека ќе се разоружа, иако тоа се уште не е остварено.


Спонозорирани линкови

Маркетинг