Дошла во фризерско студио со премногу запуштена коса: Реакцијата на фризерката го разбранувала цел свет!

Точка

17/03/2017

16:25

8214

Големина на фонт

а а а

Откако ја слушнала нејзината потресителна приказна, фризерка не можела да остане рамнодушна..


Кејт Ленгман која работи како фризерка во американското студио "Ulta" се изненадила која во студиото влегла жена со ужасно запоставена коса и започнала да ги разгледува производите за нега на кожа и коса. Фризерката ја запрашала како може да и' помогне, по што жената се расплакала и открила дека поради тешката депресија не можела да стане од кревет шест месеци, ниту ја миела ниту ја чешлала косата.


Меѓутоа, сега конечно успеала да стане од кревет и сака повторно да изгледа убаво.

Откако ја слушнала нејзината трогателна приказна, фризерката и' понудила на жената таа да и' ја среди косата. Меѓутоа ни самата фризерка не знаела што да направи со волку запоставената коса. Сепак била одлучна дека ќе направи се што е неопходно за да и' помогне на оваа жена.

Жената ја прифатила понудата и се договориле за термин. Но кога дошол нејзиниот термин, таа не се појавила. Не дошла ниту на следниот закажан термин две недели подоцна.

"Тогаш сфатив дека најверојатно нема никогаш повторно да се појави. Ми се скрши срцето. Многу сакав да и' помогнам."



Меѓутоа, еден ден жената ја изненадила, дошла во студиото и ја прашала дали може да и' ја среди косата во истиот момент, додека силата не и откажала.

"Реков "ДА". Не ме интересираше колку долго ќе останам во салонот, само сакав таа да се чувствува подобро", изјавила Кејт, која наредните осум ипол часа работела на косата на жената. Повеќе од четири часа и' биле потребни само за да ја исчешла заплетканата и бушава коса.

"Со секој момент беше очигледно дека жената станува се посреќна". Кога на крајот жената успеала да помине со своите прсти низ својата чиста и убава коса, таа се препородила и можело јасно да се забележи колку била искрено среќна.


Спонозорирани линкови

Маркетинг