Педофил-убиец добил судски спор: Го тужел затворот затоа што му ја земале периката што му овозможила бегство

Точка

17/03/2017

16:21

1613

Големина на фонт

а а а

Новозеландското правосудство пресудило во корист на убиецот и педофил кој ги обвинил затворските власти дека ги прекршиле неговите човекови права, кога му ја заплениле периката која своевремено му послужила за бегство од земјата.


Додека служел доживотна казна затвор во Оукленд, Филип Џон Смит успеал да побегне во Бразил во ноември 2014. година, искористувајќи го одобреното излегување.



Му одобриле да носи перика, па ја искористил за бегство

Две години претходно набавил перика која му било дозволено да ја носи поради "зголемување на самодовербата". Но, маскирањето не му помогнало, па три седмици подоцна бил уапсен во Бразил и екстрадиран во Нов Зеланд. Тогаш властите му ја одземале периката па медиумите пренесувале фотографии од него со ќелава глава.


"Се почувствував понижено, посрамотено", рекол Смит пред судијата пред неколку дена.

Судијата Едвин Вајли ги прифатил аргументите на обвинителството и ја образложил својата пресуда со зборовите: "Сте ја занемариле темелната слобода на изразување на господин Смит. Важно право е повредено".


Силувал дете и на смрт го избодел неговиот татко

Во тужбата 42-годишниот Смит побарал оштета во висина од 5.000 новозеландски долари, што судијата одбил.

Казната за доживотен затвор на Смит му била досудена во 1996. година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг