Зидан: Баерн има една мала предност во овој двобој

Дерби

17/03/2017

19:30

2.070

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти излезе прв со кометар откако четвртфиналната ждрепка во Лигата на шампионите посака патот да му се вкрсти со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, но набрзо по прес-конференцијата која ја одржа италијанскиот стручњак, следеше и анализа од страна на неговиот ученик, Зинедин Зидан.

Францускиот стратег ќе го има својот учител за противник во мега пресметката во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а покрај тоа што посочи дека и двата тима добија неповолна ждрепка со оглед на амбициите кои ги имаат, не пропушти да посочи дека Баерн сепак има една предност во овој четвртфинален двобој.

Тренерот на Реал потенцираше дека предност за Баерн ќе биде тоа што првиот натпревар ќе го игра на домашен терен, по што ќе може порастеретено да размислува за реваншот во Мадрид.

– Не сум зборувал уште со Карло, но она што го знам е дека тие без никаков страв ќе се соочат со нас. Анчелоти располага со навистина силен тим и ова ќе биде вистински спектакл за фудбалските фанови. Научив многу од него, тој е многу добра личност и мислам дека ќе биде максимално израмнето. Можеби тие имаа една предност што првиот натпревар го играат дома. Ќе беше поубаво ако го игравме првиот натпревар дома, но тоа е тоа. Знаеме дека мора да постигнеме гол таму и потоа да мислиме на вториот дуел, – истакнал Зидан.


Спонозорирани линкови

Маркетинг