Буфон со интересна порака го најави дуелот со Меси и Барселона

Дерби

17/03/2017

18:30

2.967

Големина на фонт

а а а

Ждрепката во Лигата на шампионите ни донесе исклучително возбудливи парови во четвртфиналето на најелитното клупско натпреварување, а еден од нив секако е оној меѓу Барселона и Јувентус што воедно ќе биде реприза на големото финале во Берлин од пред две години.

Барселона тогаш успеа да стигне до својата петта титула во Лигата на шампионите откако победи со 3:1 на Олимпискиот стадион во Берлин, а ако некој може да биде задоволен од оваа ждрепка во редовите на Јувентус, тогаш тоа сигурно е Леонардо Бонучи кој посака можност за одмазда пред два дена.

Интересна изјава имаше и Џанлуиџи Буфон кој посака Јувентус да не го добие Лестер во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а капитенот на „старата дама“ беше првиот кој имаше занимлива реакција со која воедно ги најави двете пресметки со Барселона.

Буфон постави слика од себе и Меси на официјалниот Твитер профил, а притоа ја испрати и следната порака:

– Не е важен противникот, важно е да се биде во четвртфиналето, – гласи пораката која ја испрати Буфон набрзо по извлекувањето.




Спонозорирани линкови

Маркетинг