Обложувалниците имаат нов фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Точка

17/03/2017

16:30

2204

Големина на фонт

а а а

После денешната ждрепка која што ги одреди четврт-финалните парови во Лигата на шампионите, обложувалниците понудија нови коефициенти за идниот шампион.

Пред ждрепката, најголем фаворит за освојување на титулата во најелитното европско клубско натпреварување беше Баерн Минхен, но сега има промена на врвот.

Според обложувалниците, најголем фаворит за освојување на шампионската титула во Лигата на шампионите е Барселона со коефициент од 3,50. Втор фаворит за освојување на титулата е Баерн Минхен (4,20), а трет фаворит е актуелниот шампион Реал Мадрид (6,00).

Потоа следува Атлетико Мадрид со коефициент од 7,00, а потоа доаѓаат Јувентус и Борусија Дортмунд со коефициент од 11,00.

Двата најголеми „аутсајдери“ се Монако со коефициент 19,00 и актуелниот англиски шампион Лестер со коефициент 41,00.


Спонозорирани линкови

Маркетинг