„Ќе преговараме и со Јунајтед"

Точка

17/03/2017

15:32

1366

Големина на фонт

а а а

Искусниот играч за врска Јаја Туре би можел по крајот на оваа сезона да го напушти Сити и не е невозможно да се пресели во градскиот ривал Јунајтед.

Договорот на Туре со „Граѓаните“ му истекува на лето, а се чини дека Пеп Гвардиола и управата на клубот немаат намера да му понудат продолжување на договорот, па Туре како слободен фудбалер ќе побара други опции.

Неговиот агент Димитри Селук не ја исклучи можноста Јаја Туре на лето да се пресели во редовите на градскиот ривал на Сити - Манчестер Јунајтед.

„Ако понудата е добра, ќе разговараме и со Јунајтед без никакви проблеми. Мурињо е одличен тренер, а Јаја Туре играше заедно со Златан Ибрахимовиќ во Барселона“, порача Селук.


Спонозорирани линкови

Маркетинг