Булие: Иднината на Алонсо зависи од конкурентен болид

КРУГ.МК

17/03/2017

17:30

1.638

Големина на фонт

а а а

Мекларен признаваат дека иднината на Фернандо Алонсо зависи од тоа дали тимот ќе успее да му направи конкурентен болид.

Тимот од Вокинг води борба со времето да се врати на патеката откако за време на тестирањата имаа проблем со издржливоста на моторот Хонда.

Иако Алонсо сеуште верува дека Хонда ќе успее да се среди сепак има можност проблемите да не се решат.

Мекларен изминативе две години има доста проблеми но според некои шпекулации можно е Алонсо да го напушти тимот ако тие продолжат. Договорот на Алонсо истекува оваа година но можно е тој да биде продолжен до 2018.

Ерик Булие призна дека е најважно шпанецот да е среќен бидејќи тоа е единственото нешто поради кое не би се откажал од проектот.

„Има многу приказни за ова. Мислам дека Фернандо е искрен со нас и ние со него. ТОј сакаше да ги проба новите болиди. Мислам дека му се допаѓа новата Ф1. Тој сака да е конкурентен и да му покаже на светот колкав талент има. Мора да бидеме конкурентни за тој да биде среќен. Ако сме конкурентни тој ќе биде среќен, но ако не е тогаш ќе донесе друга одлука. Сеуште е рано, но сепак ние сме зборувале за тоа. Не би сакал да давам многу информации но тој е најдобриот. Без сомнение, тој е најдобар но само треба да го покаже тоа“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг