Разоткриен е тајниот проблем на Мерцедес

КРУГ.МК

17/03/2017

15:26

1.572

Големина на фонт

а а а

Тимот на Мерцедес искуси проблем за време на предсезонските тестирања во Барселона, кој беше држен во тајност.

Вака гласи тврдењето на Лео Турини, познат медиумски инсајдер од Италија, а за кој е нашироко познато дека е близок со Ферари. На неговиот блог, тој вели дека иако бројките на Мерцедес посочуваат кон предност на Ферари за 2017 година, италијанците сепак инсистираат дека Сребрените Стрели всушност се повторно фаворити.

„Сметам дека Мерцедес во Барселона имаше проблем со осовината. Не е ништо сериозно, но тоа ги спречи Хамилтон и Ботас да возат на самиот раб.

Сигурно дека Мерцедес ќе го поправи проблемот пред Мелбурн, но Ферари се запознаени со случајот и токму поради тоа тие сметаат дека Мерцедес има предност“, вели Турини.


Спонозорирани линкови

Маркетинг