Овој човек не може да престане да посвојува животни, па еве како изгледа неговиот живот со 9 домашни миленичиња

Точка

17/03/2017

15:26

4.477

Големина на фонт

а а а

Запознајте го Ли Ашер, типично момче од Лос Анџелес со извонредно семејство од домашни миленици - човекот успеал да спаси девет животни.


"Секогаш знаев дека кога ќе бидам постар ќе имам куќа исполнета со спасени животинчиња, па сега кога ќе видам каде сум тоа воопшто не ме изненадува ниту мене, ниту луѓето кои ме познаваат од малечок" .. Уште како дете, човекот знаел дека ќе им помага на животните и дека тоа е неговиот повик. До сега, Ашер има спасено 16 миленичиња.


Како малечок, поминувал најголем дел од своето време во засолништа, шинтерници, волонтирајќи и учејќи за процесот на спасување и помагање на животните. Откако започнал да оди на колеџ, започнал и да посвојува кучиња од шинтерници и да им ги наоѓа домовите полни со љубов.


"Инспирацијата си дојде сама по себе од љубовта кон кучиња, а знаејќи дека не само го спасуваш животот на кучето туку и ослободуваш простор за другите кучиња побрзо да ги посвојат е "win-win" ситуација, а чувството е неописливо."



Денес тој има седум кучиња и две мачки, некои од кои се "неуспешни обиди да бидат посвоени".. "Ваквиот живот е непрекината забава, а јас сум многу благодарен што мојот дом е целосно исполнет со љубов и крзно", додал Ашер.








Спонозорирани линкови

Маркетинг