10 најлоши прашања на кои Трамп вечерва нема да смее да одговори: "Плукал" по Меркел, а денес треба да ја погледне во очи

Точка

17/03/2017

17:01

2.485

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел, прв пат денес попладне ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а овој состанок, важен за светот и Европа, предизвикал големо внимание кај политичарите и медиумите.

Откако била одложена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на САД поради зимската олуја која го погодила Источниот брег, денес во текот на денот ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа ќе биде посета која ќе делува како судир на геополитички столбови и личности. Посебно ако се земе во предвид дека Трамп претходно лошо зборувал за Меркел, за подоцна да ја промени плочата.


Трамп стои на чело на новиот тренд во редовите на западната политика - популистички предизвик за статус кво усидрен во етнички национализам. Меркел од друга страна е чувар на либералниот поредок, чиј де факто автор се САД. Иако е политичар од десниот центар, таа се поставила така што ги брани меѓународните институции, како и политичката интеграција и толеранција, а кои се под напад на Трамп и неговите десничарски колеги од Европа.




Фактот дека Меркел и Трамп ќе се сретнат во атмосфера на тензични односи, но и дека тој е третиот по ред американски претседател, по Џорџ Буш и Барак Обама, со кој таа соработува, укажува на нејзината јасна позиција на искусен соговорник за тричасовниот разговор во четири очи.


Трамп за Меркел за време на кампањата

Трамп во текот на кампањата за претседателските избори ја "поткачил" и германската канцеларка, но набрзо ја променил приказната и за неа зборувал со пофални зборови.

Повеќе пати ја критикувал дека "ја уништила Германија", бидејќи го дозволила приливот на бегалци од Сирија. Потоа уследила изјавата дека многу ја цени.

Трамп во септември минатата бил запрашан да именува светски лидер на кој му се восхитува, а тој ја избрал германската канцеларка. Американскиот претседател рекол дека смета дека Меркел "е навистина голем светски лидер".

Меѓутоа, повторил дека "е многу разочаран од нејзините одлуки за мигрантите", за потоа да ја пофали нејзината храброст во врска со бегалската криза.


Прашања кои треба да му се постават на Трамп

Новинарите од Washington post, по повод денешната прес конференција на Трамп и Меркел смислиле 10 прашања кои треба да му се поставаат на американскиот претседател, а поврзани со неговите претходни изјави.


Прашања:

1. Дали стоите на коментарите дека НАТО застарел? Ако е така, дали би размислиле за повлекување на десетина илјади американски трупи кои се стационирани во Германија.

2. Канцеларката Меркел има свои сомнежи во врска прашањето за мултикултуралност. Но, таа и натаму ги поздравува бегалците. Дали постои опасност од конфузија по повод овие две прашања?

3. Вашиот висок трговски советник, Питер Наваро, смета дека германскиот трговски суфицит е закана за Америка. Дали се согласувате?

4. Со оглед на тоа што сте го кажале во минатото, кого гледате како подоверлив партнер: Меркел или Путин?

5. Кога канцеларката Меркел и нејзините колеги изразиле грижа за руското мешање во Европа, дали ја делите нивната загриженост?

6. Дали верувате во проектот за европска интеграција вреди да се брани? Дали разбирате зошто нејзиниот успех бил важен за секоја претходна американска администрација од Втората светска војна?

7. Дали мислите дека Меркел е глобалист, и што значи тоа за вас?

8. Канцеларката Меркел е исто така загрижена поради "лажните вести", но за разлика од вас, таа не етикетира мејнстрим медиуми. Таа гледа дека заканите доаѓаат од социјално-медиумските ботови, тролови и лажно информативни сајтови. Дали се се согласувате дека вториот е вистински проблем.

9. Резултатите од парламентарните избори оваа седмица во Холандија се гледаат како валидација на статус кво и одбивањето на холандскиот десничарски лидер Герт Вилдерс, кого го поддржувате. Канцеларката Меркел му честиташе на премиерот Марк Руте, дали и вие го направивте тоа?

10. Американскиот машки национален фудбалски тим има корист од приливот на играчи родени во Германија, како и од играчи од другите мигрантски заедници. Како ќе изгледа првиот американски фудбалски тим?

Меркел и Трамп денес започнуваат ново поглавје во трансатлантските односи и тие, како што официјално се наведува, ќе разговараат за билатерални и меѓународни теми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг