Дури и Американците признаа: Руските специјалци стануваат сè подобри и подобри

Точка

17/03/2017

16:00

2.340

Големина на фонт

а а а

За разлика од американските единици „Делта“ или „Морнаричките фоки“, релативно новата руска Команда на силите за специјални операции има далеку помали финансиски средства.

Меѓутоа, тоа не ја спречува единицата одлично да се покаже за време на операциите на Крим и во Сирија. Земајќи го во предвид тоа што Русија активно работи на зајакнување на својата воена моќ, нејзините специјални единици би можеле да ги предизввикаат американските колеги.


Од Кремљ ги научиле „лекциите“ од Западот, па создадени се руски формации еквивалентни на познатите американски специјални единици „Делта“. Во Русија единицата е наречена Командна сила за специјални операции (КССО), пренесува "The National Interest".



За формирањето на КССО, Генералштабот на вооружените сили на Русија за прв пат ја извести јавноста уште во март 2013-та година. Иако таа единица е прилично млада, за кратко време успеа да се докаже и да стекне искуство во борбите, и покрај тоа што располага со далеку помали финансиски средства од „Фоките“ и „Делта“ единицата.

Како и британската специјална служба, која своевремено беше модел врз кој што беше формирана „Делта“, руски КССО нема скапа опрема, ниту пак специјална инфраструктура, за разлика од своите американски колеги.

„Тие, секако, немаат пари за специјализирани хеликоптери и воздушен сообраќај“, изјави експертот Мајкл Кофман. На пример, Заедничката команда за специјални операции на САД има напредни повеќенаменски хеликоптери „Сикорски УХ-60“ кои што во 2011-та година беа вклучени во операцијата за ликвидација на Осама Бин Ладен во Пакистан.



Меѓутоа и без посебните технички иновации, КССО прилично успешно ги извршува своите задачи. Најзначен успех може да биде заземањето на Кримскиот полуостров во 2014-та година, иако реално таму практично и да не добија никаков отпор: „Првото учество на единицата во реална борба беше при анексијата на Крим, а посебно и заземањето на Парламентот на самиот почеток“, изјави Мајкл Кофман.

После таа операција, луѓето во руските единици за специјални намени го добиле прекарот „љубезните луѓе“. Покрај тоа, елитната руска специјална единица одлично се покажала и во граѓанската војна во Сирија.

„Таму КССО учествуваше во мисии почнувајќи од потрагата за црните кутии на соборениот руски авион Су-24М во ноември 2015-та година, до препознавање на целите на удар на крстосувачките ракети, напади од заседа зад непријателските линии, ликвидации на важни обејкти и одговор на напади на одредени милитантни групи“, порача Кофман кој што вели дека било познато дека четворица војници на КССО го загубиле животот.

„Истовремено, се добива впечаток дека командата играла важна улога во битката за Палмира на пролет 2016-та година и активно ја поддржувала сириската армија за време на офанзивата на Алепо минатата есен“.



Како и да е, принципот на работа на КССО во чиј што состав денес има 2 илјади специјалци и натаму е во развој, затоа што Русија продолжува да ја зголемува својата моќ. Таа единица е само дел од многу поголемата група на сили за специјални намени во Русија.

„Главната задача на КССО е да подготви кохезивен тим, а не поединечни војници“, објаснува Коман кој што дознава дека „новите специјалци“ учат да скокаат со падобран, планинарат, нуркаат, делуваат во услови на улични борби и заштита на воениот врв на бојното поле, а голем акцент се става и на снајперската обука.

Со оглед на тоа што со колкава брзина КССО и другите специјални единици на Русија стекнуваат искуство и вештини, тие би можеле да станат „еден од најистакнатите противници кои што еден ден би можеле да ги предизвикаат американските сили“, смета "The National Interest".


Спонзорирани линкови

Маркетинг