Грабеж на бензинска во Скопје

Нетпрес

17/03/2017

14:11

435

Големина на фонт

а а а

Непознат маскиран сторител ноќеска два часа по полноќ извршил разбојништво над вработените на бензинската пумпа на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сторителот со закана со пиштол ги одзел чантите во кои имало околу 11.000 денари по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг