Исчезнатиот стружанец пронајден починат

Нетпрес

17/03/2017

14:10

510

Големина на фонт

а а а

42-годишниот К.Н. од струшкото село Велешта, кој на 15-ти овој месец беше пријавен во полициска станица како исчезнат, вчера е пронајден починат.

Од МВР соопштија дека вчера околу 11 часот на паркинг во авто-камп во Струга пронајден бил починат К.Н. (42) од селото Велешта, струшко.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Струга, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.


Спонозорирани линкови

Маркетинг