Патрик Стујарт признал: "Болен сум и само марихуаната ми помага"

Точка

17/03/2017

13:57

3.646

Големина на фонт

а а а

Сер Патрик Стујарт призна дека секојдневно употребува марихуана за да ги ублажи болките од артритис.

Денес 76-годишниот партнер е на турнеја, а за време на интервју ој зборувал за се' па во еден момент се осврнал и на легализацијата на марихуаната за медицински цели и признал дека и самиот ја употребува во вид на масло за масажа, спреј и во исхраната со цел да ги олесни болките од напреден артритис.


"Пред две години во Лос Анџелес ме прегледа специјалист и ми даде законска дозвола да купувам производи на база на канабис кои би можеле да ми помогнат со болките од артритис во рацете. Ова е генетско, и мојата мајка го имаше. Купив масло, спреј и прехранбени производи од марихуана. Маслото, кое ми ја ублажува болката е малку премасно за користење преку ден, па само навечер ги мачкам зглобовите со него и спијам многу подобро и полесно бидејќи болките ми се олеснети", раскажал популарниот актер.


Преку ден го употребува спрејот кој е многу полесен на кожата, не ја мрси, а значително му ја намалува болката која актерот ја чувствува во зглобовите.

"Можам да притиснам тупаница - тоа не можев да го направам пред да започнам да користам канабис", изјавил.

Тој нагласил дека не чувствува никакви негативни последици од овој третман и дека алтернативниот начин на земање лекови би му го уништила црниот дроб. Оваа изјава ја поддржува проектот вреден 10 милиони фунти од страна на Универзитетот во Оксфорд, а чија цел е да ги проучува ефектите и последиците од производите за третман врз база на канабис, кој станува се погласен во барањата за легализација на марихуаната.



Спонозорирани линкови

Маркетинг