Анчелоти со прв коментар за враќањето на „Бернабеу“ и соочувањето со Зидан

Дерби

17/03/2017

13:44

2.319

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти по пауза од две години ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но овој пат како тренер на Баерн Минхен и како противник на својот ученик Зинедин Зидан во мега пресметката во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Извлекувањето кое точно напладне се одржа во Нион им ги вкрсти патиштата на Баерн Минхен и Реал Мадрид во четвртфиналето, а бидејќи ова ќе биде посебен дуел за Карло Анчелоти, италијанскиот стручњак веднаш одржа прес-конференција пред германските новинари.

– Го позавам многу добро Реал Мадрид, ова ќе биде многу тежок двобој. За мене ова ќе бидат два специјални натпревари и ќе ги проследам со многу емоции. Сите добро се познаваме, нема да има никакви тајни, тоа ќе бидат два тешки натпревари, но ние ќе влеземе во нив со огромна самодоверба. Наша цел е да ја освоиме Лигата на шампионите. Знаеме дека ќе биде исклучително тешко со Реал, но имаме шанси да минеме во наредната фаза. Сакам да кажам дека покрај Реал, и другите екипи беа исто така силни. Моето минато во Мадрид не е никаква предност пред овие натпревари, се надеваме дека ние ќе бидеме подобриот тим.


Спонозорирани линкови

Маркетинг