Мајка во Австралија си го убила детето за кое Имам ѝ кажал дека е опседнато со демони

Точка

17/03/2017

13:34

3.179

Големина на фонт

а а а

Имам и' кажал на мајката на 14-месечно бебенце дека нејзиното дете е "опседнато од демони", а наводно потоа таа го убила детето.

Имам - Муслимански свештеник или лице што е верски образовано, но не е свештеник, а раководи со групното клањање за време на молитвите.

Софина Никат од Австралија имала 23 години во моментот кога си ја убила сопствената ќерка Санаја. Младата мајка имала проблеми со одгледувањето на девојчето кое станувало многу нервозно и постојано имало секакви потреби, па ги прашала своите родители за совет во врска со детето, пишува Independent.


Тие прашале Имам за совет

Нејзините родители живееле на Фиџи, а таа во Австралија се доселила поради договорен брак, пренесуваат австралиските медиуми.

Родителите и' одговориле дека се консултирале со Имам, кој им кажал дека наводно нејзината ќеркичка Санаја "има негативна енергија" и најверојатно е "опседната од демони"..


Како што пренесува Independent, Софина Никат со месеци пред убиството и кажувала на нејзината роднина дека однесувањето на нејзината ќеркичка е толку иритантно што таа сака да се убие и себе и детето.

Софина за полицијата изјавила дека нејзиното бебе на судбоносниот ден "плачела и завивала", ја гребела и ја тегнела за коса.. и дека сега е на "подобро место".


Г-ѓа Никат е обвинета за убиство на својата ќерка, откако телото на детето било пронајдено во потокот Даребин, кој тече низ северното предградие на Мелбурн.



Го фрлила телото на детето во поток

Таа признала дека ја земала својата ќерка на прошетка бидејќи таа не престанувала да вреска. Исто така признала дека и' ги прекрила носот и устата се додека не престанала да дише, а потоа го фрлила телото во потокот.


Пред да го признае убиството, тврдела дека нејзиното дете и' го украл некој африканец и како трчала до куќата на својот чичко за да го пријави киднапирањето.

Овие тврдења биле побиени од надзорните снимки кои ја прикажуваат Софина како оди во паркот и во количка за бебе ја вози својата ќерка, а потоа и како се враќа назад од паркот со празна количка.


Форензичкиот паталог кој ја извршил обдукцијата врз детето, Викторија Френсис, пред судот во Мелбурн изјавила дека точната причина за смрт не може да се утврди и дека постои можност детето да се удавило.



Убиството го извршила во 2016-та година, а во тек е судењето.


Спонозорирани линкови

Маркетинг