Дрско и непотребно: Со ракета од 3 милиони долари погодиле дрон кој се купува за "ситно"

Точка

17/03/2017

13:21

3.174

Големина на фонт

а а а

Војската на една држава, американски сојузник, лансирала ракета "Патриот", чудо на воената технологија, кое вреди околу 3 милиони долари, за да собори дрон кој може да се купи "на секој агол за ситно".


Американскиот генерал Дејвид Перкинс не сакал да каже кој го направил овој бисер, но додал дека дронот немал никакви шанси.



Ракетата "Патриот" обично се користи за соборување на авиони или беспилотни летала. Сепак, некои групи во Ирак користат мали дронови за на нив да ставаат оружје.


Сепак, генералот Перкинс смета дека не е економски паметно да се користи ракетата "Патриот" за тие цели.


"На eBay можам да купам многу мали дронови за 300 долари по парче, и на непријателот на крај да му снема ракети", вели Перкинс.


"Патриот" почнала да се произведува во 1980. година, а покрај САД ја имаат и други земји. Проектилот лета со брзина пет пат поголема од звукот, додека дронот има брзина од 82 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг