Француски воен брод пристигна во Црното море: Русите будно следат што се случува

Точка

17/03/2017

14:43

2.231

Големина на фонт

а а а

Француската фрегата „Лафајет“ вчера го помина Босфорот и сега се движи кон западниот дел на Црното море.

Како што е соопштено од воено-дипломатски извори, Црноморската флота на руската воена морнарица го следи нејзиното движење.


Претходно, генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека најмоќниот воен сојуз на светот има донесено одлука да го зголеми присуството на своите сили во водите на Црното море.

Постојана поморска група на НАТО Алијансата се почесто ќе пристигнува во Црното море, ќе ги интензивира воените вежби во регионот и ќе собира информации за ситуацијата и ќе ја превземе функцијата на координатор во соработка со морнариците на земјите сојузнички во регионот.

„Фрегатата на француската морнарица „Лафајет“ која што веќе влезе на територијата на Црното море, сега се движи ко правец на запад. Силите и средствата за откривање на активности при руската Црноморска флота ги следат движењеата на бродот“, открил изворот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг