Мега пресметка меѓу учителот и ученикот во четвртфиналето во ЛШ, Бонучи го доби тоа што го сакаше

Дерби

17/03/2017

12:42

2211

Големина на фонт

а а а

На патот до големото финале во Кардиф останаа уште само осум екипи, а денеска точно напладне беше извршена ждрепката во Нион на која ги добивме четвртфиналните парови во најелитнот клупско фудбалско натпреварување.

Без никаков сомнеж, најголемо внимание привлекува четвртфиналната пресметка која ќе ја имаат големите великани Реал Мадрид и Баерн Минхен, двобој кој ќе биде посебно интересен и поради соочувањето на Карло Анчелоти со неговиот поранешен тим, односно неговиот ученик Зинедин Зидан.

Крајно возбудливо ќе биде и на двете пресметки кои ќе ги имаат Барселона и Јувентус во дуелот на националните шампиони на Шпанија и Италија, додека Борусија Дортмунд за противник во четвртфиналната фаза го доби Монако.


Интересно е тоа што во првиот случај му е остварена желбата на Леонардо Бонучи кој пред неколку дена ја посака токму Барселона за противник во четвртфиналето, па сега останува да видиме дали ќе може Јувентус да се одмазди за поразот во големото финале во Берлин, или пак Барселона ќе го продолжи својот пат до ново финале по неверојатниот пресврт со ПСЖ.

Последниот пар го сочинуваат актуелниот европски вицешампион Атлетико Мадрид и најголемото изненадување Лестер.

Првите четвртфинални натпревари се закажани за 11 и 12 април, а реваншите една седмица подоцна, односно на 18 и 19 истиот месец.


Спонозорирани линкови

Маркетинг