Мурињо објасни зошто му испрати банана на Рохо

Дерби

17/03/2017

12:40

1484

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо распали по крајот на мечот со Ростов во Лига Европа поради неверојатно згуснатиот распоред со кој се соочи Манчестер Јунајтед во последно време, а додека го правеше тоа, менаџерот на „црвените ѓаволи“ се надоврза и за најнеобичнат сцена од натпреварот кој се одигра на „Олд Трафорд“.

Португалскиот стручњак му испрати излупена банана на Маркос Рохо преку Ешли Јанг кој се загреваше крај аут линијата, а ако цела оваа ситуација предизвика многу смеа и огромен број реакции на социјалните мрежи, Мурињо не најде ништо комично во сето ова.

– Јас знам што значи лимит на сопственото тело. Знам како е кога на телото му треба нешто за освежување, било што. Рохо побара банана. Тука нема ништо смешно. Треба да покажеме респект за лимитот на исцрпените тела, моите играчи даваат се од себе во овој згуснат распоред. Рохо го доби тоа што го посака и издржа до самиот крај, – објаснил Мурињо по мечот откако претходно порача дека неговиот тим има огромни шанси да ја загуби претстојната пресмтка со Мидлзброу во Премиер лигата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг