Капитенски совет до управата: Иниеста ја избра идеалната замена за Луис Енрике

Дерби

17/03/2017

12:22

1293

Големина на фонт

а а а

Андрес Иниеста сè уште чека на официјална покана од Барселона за започнување на преговорите за продолжување на меѓусебната соработка, а ако оваа ситуација се очекува своја разрешница да добие во летниот преоден рок кога сите работи ќе се извршат многу порелаксирано, онаа околу тренерската улога на „Камп Ноу“ сигурно ќе биде позната доста порано.

Луис Енрике пред десетина дена и официјално соопшти дека ќе си замине од Барселона по крајот на актуелната натпреварувачка сезона, а со самото тоа и остави на комплетната шпанска јавност да го бара неговиот наследник и да шпекулира за тоа кој е најзрел кандидат за жешкото столче на „Камп Ноу“.

Во изминатиов период посебно беа издвоени Хорхе Сампаоли и Ернесто Валверде како реални опции, но според Андрес Иниеста, улогата на прв тренер може феноменално да ја врши помошникот на Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе.

– Ќе помине одредено време додека да дознаеме кој ќе биде нашиот нов тренер, но за мене одлична опција ќе биде Унзуе. Тој во минатото има тренирано тимови и најважно е тоа што знае се во клубот и како функционираме сите фудбалери. Тој секој ден е со нас и има одличен однос со сите. Тој е подготвен тренер, способен и сега со голема страст чека да заврши сезоната. Ќе видиме што ќе одлучи клубот, – капитенски порачак Иниеста за време на еден промотивен акт на „Таг Хојер“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг