Случајот на стрептокока на грлото овој татко го доведе до ампутации на рацете и стапалата

Точка

17/03/2017

12:13

5.328

Големина на фонт

а а а

CNN пишуваат за човекот од Мичиген кој е благодарен што ја преживеал инфекцијата стрептокока на грло која го довела до ампутации на делови од неговите раце и нозе, а за малку ќе му го земела и животот.


Кевин Брин, 44, развил екстремно ретка инфекција стрептокока кратко откако неговиот син се борел против истата стрептокока инфекција на грлото. Инфекцијата, која ја предизвикана од бактеријата стрептокока, најчесто ги зафаќа грлото и крајниците.


Околу Божиќ, на Брин започнале да му се појавуваат симптоми на грип, па тој ја посетил клиниката за итна грижа со силни болки во стомакот. Тестовите за грип и за стрептокока биле негативни, но неговата болка не се подобрила па го испратиле во собата за итни случаи.

Додека бил таму, неговиот стомак започнал да се зголемува и да се зацврстува. Болничкиот персонал мислеле дека е благ случај на акутен панкреатит, вели сопругата на Брин, Џули.

Тој покажувал знаци на шок, па докторите одлучиле да го земат во салата за операција за да ја откријат причината за неговите проблеми.

Медицинска мистерија

За време на операцијата, лекарите откриле три литри на гној околу неговите органи. Тие не можеле ниту да претпостават од каде доаѓа и што го предизвикува. "Нормално, треба да погледнеме за работи како перфорации. Погледнавме во празнините на стомакот, во тенкото и во дебелото црево но ништо не најдовме", вели Д-р. Елизабет Стинсма, хирург во Spectrum Health Butterworth Hospital во Мичиген.


По операцијата, му се развил осип на градите. лекарите стравувале дека тоа би можело да биде стрептококен токсичен шок синдром, тешка сериозна болест поврзана со инфекција од стрептокока.

Тие земале брисеви и ја откриле бактеријата која ја предизвикува стрептокока инфекцијата на грло. Врз основа на примероците, осипот на градите на Бриан и неговата историја, Елизабет изјавила дека конечно ги поврзале сите делови.

"Овој организам на стрептокока, кој е многу чест, некако успеал да помине од неговото грло надолу и си направил пат до абдоминалната празнина", објаснува лекарката.

Брин западнал во мултисистемска органска инсуфициенција и тежок септичен шок. Лекарите работеле брзо за да му помогнат. Тимот "работеше деноноќно од минута во минута во следните неколку денови обидувајќи се да го одржат во живот и да го вратат дома кај своето семејство", изјавила Елизабета. Сепак, не биле во можност да му ги спасат прстите на рацете и на нозете.



Редок, екстремен случај

Екстремниот случај на Брин од септичен шок, токсините од стрептококата и лекарствата довеле до потребата да му се ампутираат делови од рацете и нозете. "Ваквите случаи се навистина ретки. За повеќето кои имаат стрептокока на грлото, тоа е само привремена пречка. Но понекогаш, стрептококата може да навлезе во крвотокот и да предизвика сериозни инфекции", објаснува д-р Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина и инфективни болести на Универзитетот Вандербилт за Медицина. "Како што стрептококата патува низ телото, таа може да си се насели на различни локации во телото и да предизвика огромна штета на овие места", изјавил тој.


"Следи сепса, компликација опасна по живот предизвикана од инфекцијата, а телото ќе биде во шок. Потоа крвта се пренасочува кон основните органи за функција, како што се мозокот или срцето и далеку од крвните садови во периферијата. Кога ова ќе се случи, рацете и нозете започнуваат да умираат, што понекогаш поттикнува потреба за ампутација", изјавил д-р. Вилијам.


Иако овие тешки случаи на стрептокока се ретки, тој препорачува секој поединец кога ќе почне да не се чувствува добро поради болки во грлото веднаш да побара медицинска помош. Симптомите на стрептокока на грло вклучуваат болка при голтање, потечени крајници и лимфни јазли, температура над 38.3 степени и бели или жолти дамки на зацрвенето грло. Стрептококата може да се пренесе меѓу луѓе преку дишење, кашлање или кивање. Миењето ан рацете е ефикасен начин да се намали ризикот од ширење на инфекцијата на други.




Спонозорирани линкови

Маркетинг