Трајко Вељаноски е на потег: СДСМ ја достави иницијативата за конститутивна седница

Макфакс

17/03/2017

11:49

1518

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја поднесе иницијативата за продолжување на конститутивната седница во Собранието. За таа цел приложи и 67 потписи од пратеници.


Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, посочи дека ова не го бара Деловникот за работа на Собранието, но очекуваат од Трајко Вељановски веднаш да свика седница.

„Повеќе да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство. Ги доставивме 67-те пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара односно нема таква обврска за да продолжи конститутивната седница„ рече во петокот Спасовски.

СДСМ очекува Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница на Собранието на РМ, затоа што е клучна институција, а како претставнички орган на граѓаните е од интерес за државата.

„Прв чекор е избор на претседател на Собранието„ потенцира Спасовски, додавајќи дека со ова се трга и последниот неразумен аргумент на Ѓорге Иванов, кој е должен да му го даде мандатот за состав на Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.



Запрашан дали се договориле со ВМРО ДПМНЕ околу членовите на Комисијата за избори и именување Спасовски рече дека пред седницата би требало да има координативна средба на пратениците, односно пратеничките групи во Собранието на којашто ќе се отворат сите прашања за којшто треба да се разговора односно да се постигне договор и потоа да се оди на продолжување на конститутивна седница.

Според Деловникот, претседателот на Собранието нема рок за кога треба да го закаже продолжувањето на конститутивната седница, но сепак за СДСМ прва цел е Законодавниот дом да добие претседател.

„Прво, ние немаме претседател на Собрание и тоа е прва и основна работа. Второ, конститутивната седница е започната и за неа нема рок, таа може веднаш да биде свикана и да биде продолжена со работата. И мислам дека на висина на одговорноста треба да биде секој пратеник, секоја политичка опција, а најмногу еден поранешен претседател на Собранието, кој во никој случај не смее да се става во заложништво институции на системот, а со тоа државата и граѓаните на Република Македонија„ рече генералниот секретар на СДСМ.

Спасовски не го открива името на пратеникот кој ќе седне на претседателското столче, за ова интезивно се разговара со ДУИ, БЕСА и Алијансата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг