Никогаш видени снимки прикажуваат тајни нуклеарни тестирања, а една од 1958-та е посебно фасцинантна

Точка

17/03/2017

18:06

3753

Големина на фонт

а а а

Во текот на Студената војна, за да стекнат воена надмоќ, Американците детонирале повеќе од 1.000 парчиња нуклеарно вооружување. Сега одлучиле тоа да го објават во јавноста.

Некои американски атомски бомби биле детонирани на копно, некои во океан, а кога почнала да се води вселенската трка, 210 бомби биле детонирани во Земјината атмосфера.


Во периодот од 1945. до 1962. година снимени биле илјадници филмови за овие детонации, кои потоа биле анализирани и складирани во добро чувани трезори. Многу е веројатно дека тие снимки не ги видел никој со децении.



Објавиле десеттина од нив

Но на 14. март, по повеќе од 55 години собирање на прашина, Америка открила 750 филмови, и десеттина од нив објавила на ЈуТјуб. Прв пат за филмовите се слушнало кога за нив, на својот профил на Твитер, пишувала Сара Жанг.

Тим од научници од Националната лабораторија "Lawrence Livermore" водел акција за спасување на филмовите последниве пет години.

Поради тоа што биле изработени од нитратна целулоза, филмовите брзо се распаѓаат во допир со кислород и притоа испуштаат мирис.



Токму на време

"Тоа е тоа, го започнавме овој проект токму на време", рекол Грег Спригс, физичар за нуклеарно оружје при LLNL.

"Свесни сме дека овие филмови се на самиот раб да станат целосно бескорисни", додал тој.


Спонозорирани линкови

Маркетинг