Претседателот на Чапекоенсе: Само еден европски клуб ни помогна по големата трагедија!

Дерби

17/03/2017

11:16

1581

Големина на фонт

а а а

Трагедијата и тажната судбина која го снајде Чапекоенсе и речиси цел стручен штаб и прв тим на овој клуб ја потресе светската спортска јавност при крајот на 2016 година, а мора да се напомене дека авионската несреќа сплоти многу бразилски клубови кои излегоа со безрезервна поддршка и се потрудија клубот да застане на нозе.

Четири месеци по трагедијата, Чапекоенсе има комплетно нов тим кој ќе се обиде да го продолжи патот на вечните и незаборавни херои, а оваа болна тема сега повторно стана актуелна во Бразил откако претседателот на клубот излезе со искрена изјава околу помошта која пристигнала надвор од родната земја.

Многу европски клубови изразија жалење и се нудеа да го следат примерот на бразилските и да помогнат на било каков начин, но сега првиот човек на клубот открива дека единствениот европски клуб кој навистина помогнал бил Барселона.

– Само еден европски клуб вистински ни помогна. Барселона беше на наша страна уште од првиот момент по трагедијата. Тие ни понудија финансиска помош и средства кои многу ќе ни помогнат. Исто така сме поканети за Гампер трофејот за време на летниот период и верувам дека тоа ќе се оствари, – истакнал Давид де Нес Филјо за домашните медиуми.


Спонозорирани линкови

Маркетинг