Мурињо шокираше по мечот со Ростов: Имаме многу непријатели, ќе го загубиме мечот во недела!

Дерби

17/03/2017

11:15

852

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо секако не беше задоволен од играта која ја прикажа неговиот тим на реванш дуелот со Ростов во Лига Европа, но сепак португалскиот стручњак немаше никакви замерки за неговите фудбалери, туку за распоредот кој според него оди во негативна конотација за Манчестер Јунајтед од стартот на сезоната.

Манчестер оваа недела ќе гостува на „Риверсајд“ кај екипата на Мидлзброу, а Мурињо потенцираше дека повеќе од веројатно е дека неговите преморени играчи нема да можат навреме да се рехабилитираат по патешествието во изминативе седум дена.

Јунајтед минатиот четврток играше во Русија, во понеделникот го одигра мечот со Челси во ФА купот, а изминатава вечер минимално славеше над Ростов во повратниот дуел од осминафиналето на Лига Европа.

– Ние имаме многу непријатели. Во случајов тоа требаше да биде само Ростов, но верувајте дека е многу тешко да се игра во понеделник и потоа повторно за три дена. Тешко ќе биде да се игра и во недела во 12:00 часот напладне. Ние имаме навистина многу непријатели. Ги разбирам луѓето кои велат дека треба да играме подобро, да постигнуваме повеќе голови, но реалноста е дека ние имаме многу работи кои одат против нас. Но, не ни преостанува ништо друго, мора да се бориме. Момците се неверојатни, но повеќе од веројатно е дека ќе загубиме во недела, – истакнал Мурињо.


Спонозорирани линкови

Маркетинг