Пике одговори после пет дена: Рамос беше во право, тоа што го направивме…

Дерби

17/03/2017

11:13

835

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос со голема доза на иронија го искоментира историскиот пресврт на Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите, и со самото тоа им остави простор на медиумите да нагаѓаат дали мислеше за неверојатната игра и трите гола за седум минути на каталонците, или пак за арбитражата на Дениз Ајтекин која многумина ја окарактеризираа како контроверзна.

Капитенот на Реал истакна дека неверојатниот кам-бек на Барселона е историски и од позитивен и од негативен карактер, а неговата двосмислена изјава сега одлучи да ја искоментира Жерард Пике кој е познат по тоа што нема проблеми да одговара на комплексни теми.

Стоперот на Барселона имаше отворено обраќање за повеќе шпански новинари, а на прашањето што мисли за тоа што го кажа Рамос, го порача следново:

– Не ме возменири тоа што го кажа Рамос, тој всушност е во право. Тоа што го направивме беше нешто историско, јас уживав во пресвртот како мало дете. Тоа беше вистински сон, ја имам освоено Лигата на шампионите, а чувството на овој пресврт беше дури и подобро. Натпреварот што се одигра со ПСЖ беше историски, баш како што кажа Рамос. Тоа беше момент кој ќе го паметат и татковци и деца, – посочи Пике.


Спонозорирани линкови

Маркетинг