Пастор открил еден од најголемите дијаманти некогаш пронајдени - 706 карати

Точка

17/03/2017

10:59

5387

Големина на фонт

а а а

Христијански свештеник открил необработен дијамант од 706 карати во западноафриканската држава Сиера Леоне, а станува збор за еден од најголемите дијаманти досега пронајдени на светот, објавија телевизиите во четвртокот.


Пастор Емануел Момох открил дијамант во рудникот во селото Којаду во западните области на Конго, изјавил министерот Алхаји Минкаилу Мансарај.


Овој скапоцен камен е помеѓу 20-те најголеми необработени дијаманти пронајдени досега на светот. Во средата навечер овој скапоцен камен му бил предаден на претседателот Ернест Корома кој дал ветување дека ќе биде продаден транспарентно на меѓународната акција на "купецот кој ќе понуди највисока цена"..

"Морам да и' помогнам на владата и на својот народ, така сите ќе извлечеме корист од него", изјавил потпарол цитирајќи го свештеникот, среќниот пронаоѓач.



И покрај богатството од скапоцени камења кои можат да се најдат на четвртина од областа на Сиера Леоне, оваа африканска земја со шест милиони жители е една од петте најсиромашни во светот, според класификацијата на Обединетите нации.


Сиера Леоне со години се бори против илегална трговија со дијаманти, а тие предизвикаа и граѓанска војна која траеше од 1991 до 2002-ра година во која загинаа околу 70.000 луѓе.


Спонозорирани линкови

Маркетинг