Спасувале жива глава: Што снимиле новинарите на "BBC" при ерупцијата на Етна

Точка

17/03/2017

10:52

1.377

Големина на фонт

а а а

Група туристи и цела екипа на "BBC" се нашле под удар на огнени камења и жешка пареа, во инцидентот кој се случил кога жешката лава од вулканот Етна на Сицилија, наишла на студен снег.

Новинарската екипа на "BBC" била помеѓу десеттината полесно повредени, откако жешката лава во допир со снегот предизвикувала експлозии од кои летале огнени камења и жешка пареа.


"Трчаме низ планината, камења летаат на сите страни, а жешката пареа е неиздржлива. Ова не е искуство кое би сакала да го повторам", напишала новинарката на "BBC", Ребека Морел на својот профил на Твитер.




"Има многу повредени. Некои заработиле модринки, изгореници, повреди на главата", напишала Ребека.

Во своето 30-годишно искуство со вулканите, вели Морел, вакво нешто не доживеала. Додала дека една 78-годишна жена се наоѓала блиску до експлозијата, но дека сега е безбедна.



Според пишувањето на BBC, шест лица биле пренесени во болница, каде им била пружена помош, но според првите информации, не станува збор за потешки повреди.

Ова е трета ерупција на најактивниот европски вулкан Етна, сместен на Сицилија, во помалку од три седмици. Овој пат Етна исфрлила лава околу 200 метри во висина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг