Од бездомник до манекен: Не се потстрижил 25 години, а кога се видел во огледало, заплакал!

Точка

17/03/2017

10:36

8.328

Големина на фонт

а а а

Бездомник од Мајорка одвај имал доволно пари за храна, а сега за него зборува целиот интернет, а им влегол во око и на припадничките на понежниот пол.

55-годишниот Хозе Антонио бил бездомник од Шпанија, а потоа преку ноќ станал интернет сензација. Имено, еден локален фризерски салон му понудил целосна трансформација, вклучувајќи потстрижување, бричење, фарбање и нова облека, па Хозе од бездомник станал вистински хипстер.


Пред третманот Хозе имал долга неуредна седа брада и масна коса која растела 25 години, пишува Daily Mail. Тој одвај преживувал на Мајорка каде работел на нерегистриран паркинг како чувар, за да успее да собере доволно пари за храна.


Промената која Хозе ја доживеал била толку голема, што вработените во локалниот бар, околу кој често им помагал на луѓето да пронајдат паркинг место, не го препознале. Самиот Хозе исто така заплакал кога прв пат го видел својот нов одраз во огледалото. Овој 55-годишен маж дури и го привлекол вниманието на неколку жени покрај кои минал со својата стилизирана облека и уредна брада и коса.

Хозе е поранешен електричар кој поради депресија ја загубил работата и завршил на улица. Оваа трансформација го променила неговиот живот. Повеќе не живее на улица, а од една компанија добил и финансиска помош. Сега треба да пронајде нова работа.


"Ова не беше само промена на изгледот, ова го промени мојот живот. Се што сакам сега, е да пронајдам нова работа", рекол Хозе.



Спонозорирани линкови

Маркетинг