Вавринка и Карењо-Буста полуфиналисти во Индијан Велс

Макфакс

17/03/2017

10:17

595

Големина на фонт

а а а

Швајцарецот Стан Вавринка и Шпанецот Пабло Карењо-Буста ја формираа првата полуфинална двојка на Мастерсот во Индијан Велс.

Третиот носител на турнирот, Вавринка, во драматичен меч го совлада Доминик Тим од Австрија со 6:4, 4:6, 7:6, по два часа и 31 минута игра.

Швајцарскиот тенисер против Тим ја забележа својата 450та победа во кариерата.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Карењо-Буста кој го оставри најголемиот успех во кариерата. Шпнецот славеше во три сета 6:1, 3:6, 6:6 над Уругваецот Пабло Куевас.

Вавринка и Карењо-Буста имаат одигра два меѓусебни дуели кои завршиле со победа на Швајцарецот.

Втората полуфинална двојка ќе бде формираана во петоко кога на програмата се четвртфиналните дуели Федерер-Киријос и Нишикори-Сок.


Спонозорирани линкови

Маркетинг