Фенербахче остана без Богдановиќ

Макфакс

17/03/2017

09:28

517

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Фенербахче, Богдан Богдановиќ, доживеа потешка повреда на зглобот на натпреварот во Баберг, во рамките на 26.коло во Евролигата.

Фенербахче победи во Бамберг 83:78, но победата ан турскиоттим ја засени повредата на најдобриот играч во тимот Богдан Богдановиќ. Српскиот репрезентативец, во осмата минута го повреди зглобот на десната нога.

Поради слична повреда, Богадановиќ, сезонава веќе пропушти седум натпревари во Евролигата, односно нешто повеќе од два месеци отсуствуваше од тимот.

Фенербахче со триумфот над Бросе Бамберг ја задржа четвртата позиција на табелата со 17 победи и девет порази.


Спонозорирани линкови

Маркетинг