Спалети: Заслуживме повеќе

Точка

17/03/2017

10:10

376

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Рома синоќа се збогуваа со Лига Европа и покрај тоа што славеа над Лион на домашен терен со 2:1.

Римјаните се елиминирани од Лига Европа, со оглед на тоа што францускиот клуб на првиот натпревар во Франција славеше со 4:2.

„Жал ми е поради испаѓањето, но морам да бидам задоволен на начинот на кој што мојата екипа одигра на овој натпревар. Бевме борбени, создадовме голем број на шанси и не се предававме до самиот крај. Заслуживме повеќе“, изјави Спалети и додаде:

„На двомечот против Лион направивме преголем број на грешки и жалам што во Франција бевме поразени со 4:2. Можеби Лион заслужено се пласираше понатаму, но да бидам искрен, немаше преголема разлика во тимовите“, порача тренерот на Рома, Лучијано Спалети.


Спонозорирани линкови

Маркетинг