Нереални цени за спектаклот на Реал и Барса во САД

Точка

17/03/2017

09:10

1.031

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид и Барселона на 29-ти јули ќе одиграат пријателски натпревар на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, САД.

Доколку сакате да присуствувате на тој натпревар, тогаш започнете да штедите уште сега, иако се сомневаме дека ќе успеете да заштедите за некое „пристојно“ место на стадионот во Мајами.

За место зад головите, што значи дека ќе добиете лошо место, тогаш ќе треба издвоите 640 долари, но она „вистинското“ доаѓа кога станува збор за цените на билетите за најдобрите места на стадионот и ВИП ложата.

Тие места кои што се поставени централно на страничните трибини ќе им бидат достапни само на најбогатите, затоа што цената за еден билет на најдобрите места на трибините ќе се движат од 5,400 до 10,700 долари.

Секако, постојат и места во горните агли од стадионот кои што се наменети само за стоење, па цената на еден билет за стоење ќе чини само 45 долари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг