Јалова победа на Рома, Јунајтед не згреши на „Олд Трафорд"

Дерби

17/03/2017

02:01

1123

Големина на фонт

а а а

Калчолигашот Рома го заврши својот настап во Лига Европа, додека пак Манчестер Јунајтед ја потврди фаворитската улога против Ростов и со победа се пласираше во четвртфиналето во ова натпреварување.

Ова е разврската од најинтересните мечеви во ЛЕ во кои Рома славеше над Лион со 2-1, ама тоа не беше доволно со оглед на резултатската негатива од првата средба во Франција (4-2), додека пак Јунајтед минимално со 1-0 со голот на Мата во 70 го победи рускиот претставник за вкупни 2-1 во двобојот.


На „Олимпико“ во Рим домашниот состав беше подобар ривал, меѓутоа не дојде до тој трет гол кој ќе значеше пласман меќу осумте најдобри. Домаќините од 60 минута имаа водство од 2-1 по автоголот на Тусар, но не најдоа начин одново да го матираат голманот Лопес.


Резултати: Бешикташ-Олимпијакос 4-1, Генк-Гент 1-1, Краснодар-Селта Виго 0-2, Андерлехт-АПОЕЛ 1-0, Борусија М.-Шалке 2-2, Ајакс-ФК Копенхаген 2-0

Во утрешната ждрепка во Нион ќе се најдат: Јунајтед, Лион, Шалке, Селта Виго, Бешикташ, Андерлехт, Генк и Ајакс.


Спонозорирани линкови

Маркетинг