Хакерите повторно напаѓаат: Објавени се голи фотки од нови две млади актерки

Точка

16/03/2017

22:00

8.943

Големина на фонт

а а а

Иако модерната технологија многу ни го олеснува животот, таа има и свои лоши страни. Една од нив е и фактот дека многу луѓе многу лесно можат да стигнат до работите кои не сакате да ги видат.

Веќе неколку дена се шпекулираше за украдените експлицитни фотографии на актерката Ема Ватсон (26). Сега нејзиниот портпарол потврдил дека на фотографиите навистина е младата актерка, но дека фотографиите не се експлицитни.

„Украдени се фотографии од Ема од проба на костими која ја имала пред неколку години со својот стилист. Таа не е гола на нив. Адвокатите имаат добиено понатамошни инструкции“, стои во соопштението на портпаролот на ѕвездата од филмовите за Хари Потер.


Многу корисници на Твитер и Редит тврдат дека ги виделе фотографиите на актерката на една мрежа за размена на податоци на која преовладува илегална и експлицитна содржина без никаква идентификација. Корисниците на Редит додале дека покрај фотографиите на Ема, протекле фотографии и од нејзината колешка Аманда Сејфрид (31).

За разлика од оние на Ема, фотографиите на Аманда се прилично експлицитни, а на нив актерката споделувала интимни моменти со нејзиното момче. Нејзините адвокати одлучиле да ја тужат страницата на која се појавиле споменатите фотографии.


„Можеби ќе се појават уште неколку имиња на листата, но овие се најпознатите. Не сакам да ги прекршам правилата на Редит и да ги споделам, но за неколку дена ќе се крене голема прашина околу ова“, напишал еден корисник на оваа мрежа.

Сепак, тие не се единствените кои се нашле во оваа незавидна положба. Во ист скандал со разголени фотографии се најдоа и Емили Ратајковски, Џенифер Лоренс, Амбер Хрд, Мила Кунис, Кејти Пери, Шарлиз Терон и други славни дами.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.